Загрепската филхармонија го тргна Чајковски од репертоарот: „Имавме многу мрачна проба“

2 mins read

Загрепската филхармонија отстрани голем број композиции на Петар Илич Чајковски од вечерашната концертна програма во салата „Ватрослав Лисински“.

Директорот на Филхармонијата Мирко Бох за „Јутарњи лист“ изјави дека „на овој начин ќе се изрази солидарност со украинскиот народ и уметници“.

„Вчера имавме многу мрачна проба. Имаме неколку колеги од Украина кои беа многу вознемирени, но сите се чувствувавме лошо, па ја сменивме концертната програма. Не сме само ние, туку и многу други оркестри низ светот“, рече Бох, додавајќи дека тие се уметници и дека музиката е единствениот начин на кој можат да се борат.

Бох за хрвстски медиуми објаснил дека песните од денешната програма се отстранети бидејќи биле премногу весели со оглед на моменталната ситуација.

Откажан е и концертот на руската серенада

Иако музиката е универзална и им е потребна на сите, Бох вели дека никој не треба да биде рамнодушен на актуелните настани во моментов.

Бох вели дека идејата била решена со главниот диригент Давид Рунц, Полјак кој бил крајно вознемирен од ситуацијата во Украина.

„Во тешките моменти срцата се најголеми, хуманоста и благодарноста стануваат императиви, а човекот е најдобар пријател на човекот. Нашите мисли се со оние кои сакаат мир во ова тешко време “, рече Бох.

Веб-страницата на загрепската ХНК објави дека планираниот концерт Руска серенада, кој требаше да се изведе на 6 март, е откажан, но директорот на Операта Џорџо Суријан не беше достапен за коментар.

Од Хрватскиот народен театар информираат дека концертот е одложен на почетокот на неделава поради технички причини, без разлика на конфликтите.

ВО ЖИВО | Втор ден од руските напади врз Украина, вести од минута во минута

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Матичните лекари од идната недела ќе им испраќаат покани за вакцинација на ризичните групи граѓани

Следно

ФОТО | Црниот фустан со бел лотосов цвет на Меган Маркл прогласен за фустан на 2021 година

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian