За обожавателите на Леонард Коен: Досега необјавен роман на пејачот ќе се појави наесен

1 min read

Обожавателите на Леонард Коен наскоро ќе уживаат читајќи негов, досега необјавен роман. Имено, книгата на Коен која е насловена „A Ballet of Lepers“ ќе биде објавена наесен, пишува „The Guardian“.

Станува збор за роман од 91 страница, приказна за 35-годишен трговски службеник кој почнува да живее со својот возрасен дедо, во тесна изнајмена соба. Дедото често доживува напади на насилство, а нараторот (кој останува неименуван) и самиот почнува да се соочува со сопствената агресивна страна.

Романот почнува со речениците: „Дедо ми дојде да живее со мене. Немаше каде да оди. Што се случило со сите негови деца? Смрт, распад, егзил – едвај знам по нешто.“

Оваа книга не била објавена досега бидејќи своевремено била одбиена од двајца издавачи. Коен тврдел дека таа е „веројатно подобра“ од неговата прославена прва прозна книга, „Омилената игра“, објавена во 1963.

Новото издание ќе биде придружено со 15 кратки раскази и сценарио за радио драма од архивите на Коен, сите напишани помеѓу 1956 и 1961.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Гореше автомобил, нема повредени

Следно

Викенд-издание на „Слободен печат“: Битка за Киев!

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian