ВИДЕО: Несторовски не доби минутажа во ремито против Милан

1 min read

Денеска во рамките од 27 коло во најсилното италијанско првенство составот на Удинезе ремизираше на гостувањето кај Милан со 1:1.

Тоа е веќе второ реми по ред за играчите на Стефано Пиоли кое би можело многу скапо да ги чини во борбата за титулата во Серија А.

Моментно „росонерите“ се на првата позиција со 57 бодови, три повеќе од Интер на втората позиција („нераѕурите“ имаа два меча помалку), а 54 бодови има и Наполи на Елиф Елмас со еден меч помалку.

Токму во следното коло на 6 март фудбалерите на Лучано Спалети ќе бидат домаќини на Милан.

На денешниот дуел на стадионот во Милано водеа домаќините со голот на Леао по првото полувреме, а израмни Удоџи во 66 минута. Кај гостите на клупата за резерви беше македонскиот напаѓач Илија Несторовски, но не доби минутажа.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Исповед на поранешен наркоман: Моето дете ми го спаси животот

Следно

Матичните лекари од идната недела ќе им испраќаат покани за вакцинација на ризичните групи граѓани

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian