ВИДЕО | Готвиме со Маја: Појадок со домати и јајца

2 mins read

Појадок со домати и јајца

Потребни состојки:

  • 2 големи домати
  • 60 мл сончогледово масло
  • 100 мл млеко
  • 3 лажици брашно
  • 1 јајце
  • 1 чешне лук
  • сол и бибер
  • 1/2 лажичка црвен пипер
  • 2 лажички вода

Подоготвка:

Во сад ставете јајце, млеко, вода, згмечен лук, масло, сол, бибер и црвен пипер и почнете да го додавате брашното додека не добиете ретко тесто како за палачинки. Доматите исечете ги на кругови со дебелина од 5 мм, посолете ги, ставете им бибер и наредете ги во загреана тава премачкана со масло и путер. Пржете ги без мешање, покриени со капак околу 7 минути. Потоа додадете го тестото одозгора и без мешање затворете ја повторно тавата и оставете уште 10 минути. Префрлете ја палачинката во тањир и посипете со црвен пипер.

Конус кифли без стасување

Потребни состојки:

  • 120 гр кисело млеко
  • 60 мл вода
  • 60 мл масло
  • 3 чаши брашно
  • 1 лажичка шеќер
  • 1 лажичка сол
  • 2 лажици сок од лимон
  • 1 пециво
  • 1 белка
  • 50 гр путер
  • мешано сирење

Подготовка:

Во сад помешајте кисело млеко, вода, сок од лимон, шеќер, сол, пециво и една белка. Додавајте од брашното постепено и замесете меко тесто. Тестото оставете го да стои 15 минути, потоа повторно премесете и повторно оставете уште 15 минути да стои. Од тестото направете долгнавеста векна и поделете го на 16 делови. Од секој дел направете топче и потоа расукајте кружна многу тенка кора. Од едната страна расечете ја кората од средината кон крајот, ставете малку сирење и виткајте како конус до половината, потоа пак ставете малку сирење и продолжете да виткате до крајот на кората за да добиете конус. Горниот крај затворете го со притискање. Конус кифлите ставете ги во намастен плех и премачкајте ги со жолчка и стопен путер и печете ги во загреана рерна на 200 степени околу 30 минути.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Попова кон градската опозиција: Не ја манипулирајте јавноста за Универзална сала, туку признајте ја грешката

Следно

Пендаровски: Државата е подготвена со стокови резерви, проблем ќе биде ако кризата во Украина трае подолго

Latest from Blog

Магла на Стража

Намалена видливост од 50 до 70 метри поради појава на магла има на планинскиот премин Стража,

MacedonianEnglishAlbanian