ВИДЕО | „Ако ти бев мајка, ти ќе беше многу сакан“: Бизарно обраќање на актерка кон Владимир Путин

2 mins read

Американската актерка Аналин Мекорд објави бизарно видео во кое му се обраќа на рускиот претседател Владимир Путин и во кое се залага за мир меѓу Русија и Украина.

„Почитуван претседателе Владимир Путин, многу ми е жал што не бев твоја мајка. Ако јас бев твоја мајка, ти ќе беше многу сакан… Ако јас бев твоја мајка, светот ќе беше топло место, ќе имаше многу смеење и радост“, вели таа.

Во обраќањето, Мекорд зборува за тоа дека животот на Путин ќе бил поинаков ако таа била негова мајка.

„Ако јас бев твоја мајка, ако светот беше ладен, јас ќе умрев за да те стоплам… ќе умрев за да ти дадам живот“, продолжува таа, а потоа вели дека жали што се родила „премногу доцна“ за да биде мајка на рускиот лидер.

Актерката навестува дека се послужила со метафора и дека со терминот „мајка“ мислела на Русија.

Сепак, нејзиното обраќање предизвика бројни исмејувачки коментари упатени до „нарцисоидната актерка“, како што ја нарекоа корисниците на социјалните мрежи.

„Дали таа му рецитира слем-поезија на диктатор?“, „Наредниот пат само испеј ја ‘Imagine’. Тоа ќе ти биде полесно од ова, што и да беше“, „Ова сигурно ќе го спречи Путин. Навистина си храбра Аналин Мекорд“, саркастично коментираат твитерџиите.

Повеќе текстови на темата:

„Љубовта може да победи сѐ“: Приказната зад фотографијата која го трогна светот

ВИДЕО | Македонка се враќа од Украина со ќеркичката: Имаме уште 10 часа пат до граница, не знаеме дали ќе успееме да поминеме

Руслана со трогателен апел: Светот ќе ни помогне и ќе ја запреме војната!

ФОТО | Хитлер го гали Путин: Украина се огласи на „Твитер“

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Политички препукувања и замерки предизвика реконструкцијата на Универзална сала

Следно

Донесена е одлука, нема да се вози Формула 1 трка во Сочи

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian