Украинците во земјава ќе протестираат пред Руската амбасада во Скопје

1 min read

Украинците во земјава денеска организираат протест пред Руската амбасада во Скопје поради инвазијата на Русија врз Украина. Протестот, како што велат организаторите, ќе започне во 14:30 часот на плоштадот „Македонија“ во Скопје од каде во 15:00 часот ќе се упатат кон Руската амбасада.

-Ние, Украинците во Македонија, излегуваме денеска на протест да изразиме поддршка на нашите роднини, пријатели, кои се изложени на брутален напад. Да кажеме стоп за војните во 21 век, да кажеме стоп за трета светска војна и не за страдањето што низ цела Европа може да го донесе агресијата што сега се случува врз невино население во Украина, велат организаторите на протестот во пишано соопштение до медиумите и ги повикуваат македонските граѓани да им се придружат за, како што велат, „заеднички да кажеме стоп за лудилото на војната“. 

skopjeinfo.mk

Претходно

Северна Македонија не е под безбедносна закана, но економските импликации веќе се чувствуваат, тврди Османи

Следно

Интервју со Горан Трајковски, алијас доктор Горан: Би ми било предизвик да го реформирам зарѓаниот македонски здравствен систем!

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian