Суперлига: Е. Пелистер без поголеми проблеми го совлада Прилеп

1 min read

Ракометарите на Е. Пелистер го завршија регуларниот дел на Суперлигата со 20 победи, едно реми и еден пораз.

Во последниот дуел од оваа фаза денеска на теренот Битола успеа да го совлада соседот Прилеп со 33:20 (13:6).

Тренерот на Е. Пелистер, Жељко Бабиќ им даде слободен ден на Периќ, Кукоски и Табоада, а надвор од стројот беа и Велковски и Обрадовиќ.

Кај стрелците најефикасни во победничките редови беа Божиќ Павлетиќ со шест и Костески со пет погодоци.

На спротивната страна по четири запишаа Бикоски, Шокоски и Гавашелишвили.

На табелата Е. Пелистер по регуларниот дел од сезоната освои 61 бод, три повеќе од Вардар 1961 кој има меч помалку, додека Прилеп заврши како деветтопласиран со 18 бодови.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Овие две убавици се внуки на принцезата Дијана и најпознати аристократки

Следно

Околу Путин нема некој што може да му каже дека можеби греши, вели Нано Ружин

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian