Скен на мозок пред смрт: Науката откри што се случува на крајот на животот

4 mins read

Веројатно секој од нас барем еднаш во животот ја слушнал реченица „животот ми помина пред очи“. Сега, најновото истражување откри фасцинантни индиции дека таквото отповикување можеби не е само фраза што сме ја слушнале, пренесува „The Guardian“.

Меѓународен тим на научници пријавил неочекувана ситуација во која ја снимиле мозочната активност на 87-годишен пациент додека умирал.

Промени на мозочни бранови 30 секудни пред и откако срцето престанало да чука

Мажот бил итно примен во болница по пад што резултирал со крварење во мозокот, а потоа ситуацијата значително му се влошила. Кога лекарите направиле електроенцефалографија (ЕЕГ), откриле дека пациентот развил епилепсија. Меѓутоа, за време на снимањето на ЕЕГ тој доживеал срцев удар и починал.

Тимот вели дека анализата на записите од 30 секунди пред и откако срцето на човекот престанало да чука сугерира дека во последните моменти тој доживеал промени на различни мозочни бранови, вклучувајќи ги алфа и гама мозочните бранови. Студијата сугерира дека интеракциите помеѓу различните типови на мозочни бранови продолжуваат откако крвта ќе престане да тече во мозокот.

Но, како што откриваат истражувачите, тоа покренува една интригантна можност. Имајќи предвид дека вкрстеното спојување помеѓу алфа и гама активност е вклучено во когнитивните процеси и движење низ меморијата кај здрави субјекти, што значи дека таквата активност може да ја поддржи децениската шпекулација за последното „потсетување на животот“ што може да се случи во состојба на блиска смрт, пишува тимот во списанието „Frontiers in Aging Neuroscience“.

Сепак, наодите се засноваат на записи од само едно лице, а истражувачите повикуваат на претпазливост, истакнувајќи дека меѓу другите фактори, трауматските повреди на мозокот и негово оштетување можат да влијаат на мозочните бранови, додека активноста на мрежите во мозокот може да биде засегната од антиконвулзивни лекови, какви што му биле дадени на пациентот.

Како зборуваат луѓето пред да починат? Што навистина се случува на смртната постела?

Сепак, истражувачите велат дека резултатите би можеле да имаат важни импликации

„Овие наоди го предизвикуваат нашето разбирање за тоа кога точно завршува животот и создаваат важни последователни прашања, како што се оние поврзани со времето на донирање органи“, рече д-р Ајмал Земар, неврохирург на Универзитетот во Луисвил, САД и ко-автор на студијата.

Проф. Анил Сет, невролог од Универзитетот во Сасекс, кој не бил вклучен во истражувањето, вели дека овие податоци се „прилично уникатни“, истакнувајќи дека етички не е можно да се планира собирање на такви записи.

„Студијата ја проширува работата од пред околу 10 години, кога беа откриени карактеристични „изливи“ на мозочна активност кај глодари пред моментот на смрт, при што одредена мозочна активност опстојува дури и по срцев удар – особено во таканаречениот опсег на фреквенцијата гама“, рече тој. „Оваа студија, која покажува слични наоди кај човек што умира, е и трогателна и фасцинантна, но дали снимената активност лежи во основата на некој посебен вид субјективно искуство – дали таканаречените „искуства блиску до смртта“ или животот што поминува пред очи – невозможно е да се каже и најверојатно ќе остане така“, додава Сет.

Д-р Стив Тејлор, психолог од Универзитетот Лидс Бекет, се согласува.

„Мислам дека не можеме да претпоставиме дека ова е репрезентативен пример за тоа што се случува во човечкиот мозок во моментот на смртта“, рече тој, додавајќи дека е исто така обид да се поврзе зголемувањето на гама мозочните бранови со ретроспективите пред смртта. „Прегледот на животот всушност може да се случи кога луѓето не се физиолошки блиску до смртта – има многу случаи на прегледи на животот за време на падови, на пример“, рече тој.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Загрепчани во паника: Повлекуваат пари од руската Сбербанк

Следно

Атанасовски на позајмица во катарскиот клуб Ал Араби

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian