Северна Македонија не е под безбедносна закана, но економските импликации веќе се чувствуваат, тврди Османи

2 mins read

Руската агресија во Украина ќе има сериозни последици по европската безбедносна архитектура, а тоа значи на целиот континент. Тоа обично се манифестира на слабите точки, а Балканот е слабата точка – раната на ЕУ и се разбира дека може да има импликации и обиди на надворешни политички фактори и регионални фактори, кои може да го искористат овој хаос за остварување на свои цели, одговори министерот за надворешни работи Бујар Османи на новинарско прашање за тоа какви се проценките и анализите за можни безбедносни импликации на Балканот, особено во Косово, БиХ во врска со настаните во Украина.

Шефот на дипломатијата нагласи дека ние како држава директно не сме под некоја безбедносна закана, но економските импликации веќе се чувствуваат.

Османи наведе дека како земја членка на НАТО ги имаме во реално време сите информации и ги знаевме сите чекори на Москва пред две недели, што дава можност да донесете добро информирани одлуки, да се подготвувате за било кои последици.

Шефот на дипломатијата потсети дека НАТО е сојуз што се грижи за секој квадратен метар територија на своите земји членки, што значи дека ние сме под заштита на НАТО, но сепак ги преземаме сите мерки во однос на заштита од сајбер напади и друи мерки, за што Владата расправа во претходните недели, а денеска ќе има седница на која ќе се преземаат дополнителни мерки.

– Треба да бидеме многу внимателни тука во регионот, нагласи Османи.

Тој додаде дека и затоа се овие чести комуникации регионалните фактори за да бидеме координирани, а се усогласивме и заеднички е ставот дека никој во регионот не сака конфликт, ескалација и мора да бидеме многу внимателни во тој дел.

– Секако ќе има и економски импликации и тие веќе се чувствуваат, во цените на гасот, во цените на изворите на енергија, а тоа ќе се манифестира уште повеќе на цените на другите производи, вклучувајќи ги прехдранбените производи, изјави Османи, по средбата со министерот за надворешни работи на Република Србија, Никола Селаковиќ.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Македонија ги дозна ривалите за ЕХФ шампионатите во 2022 година

Следно

Украинците во земјава ќе протестираат пред Руската амбасада во Скопје

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian