Приведено лице за издржување казна затвор од четири години

1 min read

Полицијата вчеравечер во Скопје приведе 61-годишен скопјанец за издржување затворска казна од четири години за сторено кривично дело „даночно затајување“.

– На 24 февруари 2022 во 20 часот на улица „Гемиџиска” во Скопје, Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода З.З.(61) од Скопје. Тој бил баран по Централна потерница од Основен кривичен суд Скопје за издржување затворска казна од четири години за сторено кривично дело „даночно затајување“ по член 279 од Кривичниот законик, соопшти МВР.

Лицето било спроведено во казнено-поправна установа за издржување на казната. 

skopjeinfo.mk

Претходно

Пендаровски: Државата е подготвена со стокови резерви, проблем ќе биде ако кризата во Украина трае подолго

Следно

Мета: Албанија во единство со НАТО и ЕУ за Украина

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian