Околу Путин нема некој што може да му каже дека можеби греши, вели Нано Ружин

1 min read

Поранешниот македонски амбасадор во НАТО, Нано Ружин, смета дека сега доаѓа до израз потпишаниот Преспански договор.

-Сакам да се обратам до јавноста дека сега треба да станеме свесни што значи Преспанскиот договор и членството во НАТО. Сигурни сме, безбедни, не сме вон Алијансата. Сите кои беа против Преспанскиот нека се запрашаат, рече Ружин во емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма.

Дипломатот ги повтори зборовите на американскиот претседател Џо Бајден.

-Самиот Бајден рече дека ако една педа од територијата на земја-членка на НАТО биде нападната, ќе дојде до масовна активација на член 5. Сепак не смеат да дојдат работите до нуклеарки, бидејќи тоа е опасна работа, вели Ружин.

Тој прашува што би се случило со Грузија и Молдавија, затоа што и таму има руско малцинство.

-Имаат ист статус на Украина. Главниот проблем е што Путин нема советник кој ќе му каже дека можеби греши во случајов. Пред неколку дена имаше видео со рускиот претседател кога прашува еден од соработниците за нападот, а тој не знаеше што да каже и мораше само да се согласи со него, смета Ружин.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Суперлига: Е. Пелистер без поголеми проблеми го совлада Прилеп

Следно

Дачиќ: Србија нема да се води од туѓи очекувања, туку од сопствени интереси

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian