Официјално: Финалето во ЛШ нема да се игра во Санкт Петербург

1 min read

Европската фудбалска унија (УЕФА) го премести финалето на овогодинешната Лига на шампиони од Санкт Петербург во Париз, поради конфликтот меѓу Русија и Украина. УЕФА потврди дека од безбедносни причини е донесена ваквата одлука и дека финалистите во ЛШ ќе играат на „Стад де Франс“ во Сен Дени.

Европската куќа на фудбалот ваквата одлука ја донесе на итниот состанок одржан во петокот, поради ситуацијата во Украина.

Финалето ќе се игра на 28 мај 2022 година, а Франција имаше предност пред Англија и Лондон, бидејќи во опција беше и легендарниот „Вембли“.

– УЕФА сака да изрази благодарност до претседателот на Франција, Емануел Макрон, за неговата лична поддршка и посветеност Франција да го организира најпрестижниот натпревар на европскиот клупски фудбал – се вели во краткото соопштение.

Исто така донесена е одлука дека руските и украински клубови и репрезентации на меѓународната сцена своите домашни мечеви мора да ги играат на неутрален терен.

– Руските и украинските клубови и репрезентации кои се натпреваруваат во натпреварувањата на УЕФА ќе мора да ги играат своите натпревари како домаќини на неутрален терен до понатамошно известување – објави европската фудбалска куќа.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Интервју со Горан Трајковски, алијас доктор Горан: Би ми било предизвик да го реформирам зарѓаниот македонски здравствен систем!

Следно

Средба Османи – Селаковиќ: Економско-трговската размена меѓу Србија и РС Македонија на историско ниво

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian