Министерството за здравство и натаму ќе преговара со матичните лекари за подобри работни услови

1 min read

На денешната средба на министерот за здравство, Беким Сали и заменик министерот, Владимир Рендевски со претседателите на Лекарската и Стоматолошката комора, претставници на Здруженијата на примарните матични лекари, примарните стоматолози и гинеколози од примарната здравствена заштита, како и стручните лица од ФЗОМ се дефинираше начинот на којшто понатаму ќе се одвива техничкиот дијалог.

На средбата, која штотуку заврши, стана збор за дел од предизвиците за кои подетално ќе се разговара во рамки на работните групи.

Воедно, беше поздравена заедничката иницијатива од здруженијата и изразена поддршка за натамошен заеднички дијалог, постигнување заемно прифатливи решенија со кои ќе се унапреди финансиската состојба на приватните здравствени установи, како и поедноставување на нивното работење, со цел растоварување на секундарното и терциерното здравство и добивање поквалитетна здравствена заштита за пациентите.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Умберто Еко: Како да препознаете фашисти?

Следно

Вучиќ: Србија го поддржува територијалниот интегритет на Украина, не воведува санкции за Русија

Latest from Blog

Магла на Стража

Намалена видливост од 50 до 70 метри поради појава на магла има на планинскиот премин Стража,

MacedonianEnglishAlbanian