Мета: Албанија во единство со НАТО и ЕУ за Украина

2 mins read

Албанскиот претседател, Илир Мета, кој е и врховен командат на вооружените сили, го свика Советот за национална безбедност, на кој се разговараше за сите мерки што ќе бидат преземени околу ситуацијата во Украина.

Во изјава за медиумите по состанокот на Советот, претседателот Мета најостро ја осуди воената офанзива на Русија против Украина, независна и суверена држава.

-По ескалацијата на ситуацијата по руската воена агресија во Украина, решив повторно да свикам состанок на Советот за национална безбедност, за да се преоцени ситуацијата од последниот состанок на 14 февруари 2022 година, на оваа тема, рече Мета.

Информираше дека „Советот разговараше за сите мерки што ќе бидат преземени за справување со оваа ситуација, во целосна координација со сојузниците и партнерите, како во однос на нашите меѓународни обврски, така и во однос на безбедноста во нашата земја и во регионот на Западен Балкан”.

-Оваа неиспровоцирана и неоправдана ескалација претставува сериозно кршење на меѓународното право, повелбата на ОН, договорот од Минск, меморандумот од Будимпешта и ја поткопува безбедноста и мирот во цела Европа, рече Мета.

Во име на албанскиот народ, Мета изрази длабока тага за загубените животи за време на овој напад, а на повредените им посака брзо закрепнување.

-Во овие драматични моменти, ја изразувам мојата целосна солидарност со народот на Украина и нејзините демократски институции. Република Албанија, како членка на НАТО и непостојана членка на Советот за безбедност на ОН, се придружува на повиците на Алијансата и меѓународната заедница до Русија веднаш да се откаже од овој пат на насилство и агресија, да го меѓународното хуманитарно право и да се врати на патот на дијалогот, рече тој.

Мета истакна дека „Албанија стои во единство со НАТО и ЕУ и ќе ги спроведе сите обврски преземени во рамките на заедничката надворешна политика и безбедност”.

-Заедно со Алијансата и Европската Унија ќе застанеме цврсто во одбрана на вредностите на слободата и демократијата, рече Мета доцна синоќа по завршување на средбата на Советот за национална безбедност.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Приведено лице за издржување казна затвор од четири години

Следно

ВИДЕО | Трогателна глетка во Украина: Татко со солзи на очите се разделува од својата ќеркичка

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian