Матичните лекари од идната недела ќе им испраќаат покани за вакцинација на ризичните групи граѓани

1 min read

Министерот за здравство Беким Сали најавува дека од следната недела преку матичните лекари ќе се испраќаат покани до ризичните групи на граѓани со цел тие да се вакцинираат.

– Моментално како најризична група ги гледаме граѓаните над 70 години, како и оние под 70 години со коморбилитети. Затоа од следната недела преку матичните лекари ќе испраќаме покани за вакцинација на оние граѓани кои се во потенцијален ризик, изјави вечерва Сали за централниот дневник на телевизија „Сител”.

Се надева дека овие покани ќе резултираат со голем одѕив за вакцинација против Ковид-19.

-Како Министерство уште од самиот почеток водиме полиберална форма на политика против ковид кризата, затоа што сметаме дека секој поединец има право да одлучи дали ќе се вакцинира или не. Иако сметаме дека во некои околности би требало да инсистираме на вакцинација. Не велам тоа да биде рестриктивно, задолжително, меѓутоа треба да инсистираме, рече Сали, додавајќи дека засега вакцинацијата е единствениот начин на заштита и дека штити од потешка форма на болеста.

Во однос на рестриктивните мерки, рече дека засега остануваат сертификатите како задолжителна обврска во моловите и угостителските објекти затоа што процентот на имунизација во земјава е се уште низок за да може да се размислува за вакви олеснувања.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Несторовски не доби минутажа во ремито против Милан

Следно

Загрепската филхармонија го тргна Чајковски од репертоарот: „Имавме многу мрачна проба“

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian