Манчестер јунајтед ја прекина соработката со рускиот спонзор „Аерофлот“

1 min read

Воедниот конфликт во Украина продолжува да предизвикува тектонски пореметувања и во светот на спортот. Денеска Манчестер јунајтед по девет години соработка го отстрани логото на рускиот спонзор „Аерофлот“.

По германскиот Шалке, и фудбалскиот клуб Манчестер Јунајтед отстрани лого на руски спонзор, што практично долги години беше заштитен знак на англискиот клуб.

Германците тоа го направија со „Газпром“ ден претходно, а Јунајтед со руската национална авиокомпанија „Аерофлот“.

По девет години соработка, Јунајтед одлучи да ја прекине како одговор на руската инвазија на Украина.

„Аерофлот“ е спонзор на англискиот гигант од 2013 година.

– Со оглед на настаните во Украина, ги повлечевме спонзорските права на „Аерофлот“. Ја споделуваме загриженоста на нашите навивачи ширум светот и им изразуваме сочувство на погодените – стои во кратката порака на клубот од Олд Трафорд.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО+ВИДЕО | „Тоа е инвазија“: Актерот Хавиер Бардем ја осуди војната во Украина

Следно

Европската Унија и Советот на Европа започнуваат онлајн курс како поддршка за правните професионалци/ки во Северна Македонија кон подобра поддршка на заштитата новинар(к)ите

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian