„Крадци“ на животна енергија: Kако да се ослободите од нив?

2 mins read

Во секојдневниот живот постојат многу фактори кои ја трошат нашата енергија. Меѓутоа, освен добро познатите, енергијата ни ја трошат и скриени „крадци“. За да можете подобро да се заштитите, ќе ви ги откриеме невидливите фактори на кои треба да внимавате.

Телефонски повици

Луѓето кои го поминуваат поголемиот дел од денот на телефонски разговори губат многу  телесни течности бидејќи многу зборуваат. Нивниот замор е предизвикан од дехидратација, која доведува до згрутчување на крвта и намалување на снабдувањето на кислород до клетките по целото тело. Затоа, ако во текот на работното време многу телефонирате , погрижете се да пиете доволно вода за да ја надополните изгубената течност.

Зрачење од електрични апарати

Позитивните јони кои ги  емитуваат електричните апарати предизвикуваат зголемено лачење на хормонот што не прави изморени и депресивни. За да го подобрите вашето расположение и да ја зголемите вашата енергија, експертите препорачуваат да употребувате  јонизатор кој што ќе ја зголеми концентрацијата на негативни јони во воздухот.

Работа на компјутер

Долго седите пред компјутер, но се уште не ви се спие? Основната причина за ова е тоа што светлината на вашиот монитор го забавува лачењето на мелатонин, хормонот на спиење. Ако сакате да спиете подобро и да се разбудите одморени, избегнувајте ја работата на компјутер непосредно пред самото спиење.

Планирање

Луѓето кои планираат за се што треба да направат во текот на денот, неделата, месецот, се чувствуваат поизморени од луѓето кои ја немаат оваа навика. Истражувачите од Универзитетот во Тилбург во Холандија откриле дека луѓето кои претходно планираат често се  поизморени бидејќи го чувствуваат  притисокот од премногу обврски.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Барди и Леванте со важни бодови во шпанската „Ла Лига“

Следно

ВИДЕО: Интер влегува во „криза“, нова шанса за Елмас и Наполи

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian