Извршниот одбор на ЕБУ одлучи: Русија има забрана за учество на овогодишната Евровизија

1 min read

Откако се случи воениот удар од страна на Русија врз Украина, Европската радиодифузна унија (ЕБУ) соопшти дека ниеден руски изведувач нема да учествува на овогодишниот избор за песна на Евровизија.

Извршниот одбор донел одлука на основа на порано добиените препораки од управното тело на Изборот на песна за Евровизија, како и врз основа на правилата и вредностите на ЕБУ.

Препораката на Референтната група на ЕБУ ја поддржа и телевизискиот комитет. Одлуката ja одразува загриженоста дека во целосната криза и преседан во Украина, вклучувајќи ја и руската пријава во овогодишниот натпревар би довело до тоа конкуренцијата да биде на лош глас.

Пред да ја донесат оваа одлука, ЕБУ одвоиле време опширно да се консултираат со своето членство.

Таа е аполитична членка и организација која е посветена на оддржување на вредностите на јавниот сервис.

Во твит на својот официјален твитер профил, органзацијата соопшти:

„Остануваме посветени на заштитата на вредноста на културниот натпревар кој промовира меѓународна размена и разбирање, ја собира публиката на едно место, слави различности низ музичкиот стил и ја обединува Европа на една сцена“ – децидни се тие.

ВИДЕО | Украинската пејачка не оди на Евросонг, налутено порача: Не сакам да бидам дел од оваа валкана приказна!

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

На Бит Пазар нападната малолетна девојка

Следно

Ериксен в сабота ќе дебитира за Брентфорд против Њукасл

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian