Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски, информираше дека општината започнува со акција за подигање на хаварисани возила и возила нерегистрирани повеќе од две години кои се оставени на јавни површини.
-По направено скенирање на теренот дел од направените јавни паркинзи се зафатени од возила кои не се во возна состојба. Акцијата е со цел ослободување на паркинг простор особено во урбаниот дел, информираше тој и упати апел до граѓаните кои се сопственици на вакви возила самостојно да ги отстранат од јавните паркинзи.
Акцијата во следните денови ќе започне од Урбаната заедница Автокоманда.