Во текот на вчерашниот ден, шпанскиот актер Хавиер Бардем се приклучи на протестот против руската инвазија врз Украина пред руската амбасада во Мадрид.
„Тука сум за да ја покажам мојата осуда за руската војна против Украина“, изјави Бардем за „Reuters“, за време на протестот на кој присуствуваа околу стотина луѓе.

„Тоа е инвазија. Тоа ги крши основните украински права на територијален суверенитет, ги крши меѓународните закони и многу други работи“, вели актерот.
Повеќе текстови на темата:
ФОТО | Хитлер го гали Путин: Украина се огласи на „Твитер“
ВИДЕО | „Симпсонови“ ја предвиделе руската инвазија на Украина уште во 1998 година?