ФОТО | Еден месец по смртта на син му: Уапсен актерот Мајкл Медсен

1 min read

Американскиот актер Мајкл Медсен бил уапсен во средата поради наводно натрапување во туѓ двор. Сопственикот на имотот ја известил полицијата за недозволеното влегување, па властите го уапсиле Мeдсен.

Актерот бил виден со лисици на рацете додека излегувал од својата куќа во Малибу, придружуван од полиција. Мeдсен потоа бил пренесен во блиската болница. Добил и казна од 500 долари за прекршокот, па бил ослободен вчера наутро, според полицискиот извештај.

Веста за неговото апсење доаѓа само еден месец откако неговиот 26-годишен син Хадсон си го одзеде животот од огнено оружје на Хаваите, на островот Оаху.

Актерот, кој можеби е најпознат по филмовите на познатиот режисер Квентин Тарантино, бил шокиран од самоубиството на својот син војник.

„Разговарав со него неколку дена претходно, рече дека е среќен, мојата последна порака од него беше ‘Те сакам, тато’. Тој погледна во својата иднина, па – тоа е тоа. Чудно. Едноставно не можам да сфатам што се случи“, изјави Медсен за „Los Angeles Times“.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Формирано партиципативното тело за ДУП-от за Расадник во општина Кисела Вода

Следно

Гореше автомобил, нема повредени

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian