Кошаркарите на Панатинаикос на домашен терен во рамките од 27 коло во Евролигата триумфираа над Црвена звезда со 79:73.
Во редовите на грчката екипа доминираше српскиот интернационалец Немања Недовиќ со 25 поени.you
А интересно на спротивната страна за српскиот претставник прв стрелец беше Гркот Василеиос Кавадас со 17 поени.
На табелата ПАО е на 16 позиција (7-17), додека белградските „црвено-бели“ на 13 место (9-15).
Дуелот помеѓу Зенит Петербург и Барселона е одложен поради воениот конлифкт помеѓу Украина и Русија, а Монако пред своите навивачи со 92:78 славеше против Фенербахче.