Формула 1 денеска објави дека во сегашните околности не е возможно да се одржи трката за Големата награда на Русија.
– Шампионатот во Формула 1 се одржува во земји ширум светот, со позитивна визија да ги обедини луѓето и да ги зближи нациите.
Со тага и шокираност, но и со надеж дека ќе се најде мирно решение, го следиме развојот на ситуацијата во Украина.
Во четвртокот вечерта, Формула 1, ФИА и тимовите разговараа за позицијата на нашиот спорт, а заклучокот е, земајќи ги предвид сите релевантни носители на правата, дека е невозможно да се одржи Руското ГП во сегашните околности – се вели во соопштението.
Според првичниот план, трката во Русија требаше да се вози на 25 март 2022 година.
A statement on the Russian Grand Prix pic.twitter.com/OZbbu9Z8ip
— Formula 1 (@F1) February 25, 2022