Дојран единствена општина без активни ковид случаи

1 min read

Во регионот што е под надлежност на Центарот за јавно здравје од Гевгелија, општина Дојран е единствената општина во земјава во која нема веќе активни пациенти на корона вирусот во актуелниот бран, во кој доминантен е омикрон сојот.

Според последниот извештај од ИЈЗ, општина Дојран прва испиша нула во графата на заразени лица од 35 општини за кои во земјава се води дневна евиденција за корона статусот.

Досега во општина Дојран, според водената евиденција во време на пандемијата, активни на корона вирусот биле вкупно 256 лица, од кои 248 оздравеле, а осум починале како резултат на присутни коморбидитети и компликации кои настанале од вирусот.

Во регионот што е под надлежност на ЦЈЗ Гевгелија, денеска како активни на корона вирусот се водат 79 лица во општина Гевгелија и 24 активни случаи во општина Богданци.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Атанасовски на позајмица во катарскиот клуб Ал Араби

Следно

Политички препукувања и замерки предизвика реконструкцијата на Универзална сала

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian