Атанасовски на позајмица во катарскиот клуб Ал Араби

1 min read

Еден од најнадежните македонски играчи Стефан Атанасовски ќе ја продолжи и ќе ја заврши сезоната во катарскиот клуб Ал Араби како позајмен играч од редовите на Вардар 1961.

Екипата во која ќе настапува пивотот фигурира на самиот врв на првенствената табела во шампионатот на Катар.

Овој тим се бори за највисоки цели, го препозна квалитетот на нашиот млад играч и оцени дека може да помогне во остварувањето на клупските планови.

Првите ракометни чекори Атанасовски ги направи во Вардар, а заедно со Вардар Јуниор пред да биде префрлен во првиот тим на најтрофејниот македонски клуб настапуваше и за Работнички, па ова ќе му биде прв меѓународен предизвик.

Скопските „црвено-црни“ на пивотменската позиција на располагање ги имаат Стојанче Стоилов, Патрик Валчак и Жереми Тото.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Скен на мозок пред смрт: Науката откри што се случува на крајот на животот

Следно

Дојран единствена општина без активни ковид случаи

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian