Вучиќ свика итна седница на Советот за национална безбедност

2 mins read

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ закажа итна седница на Советот за национална безбедност поради актуелните настани во Украина, јави дописникот на МИА од Белград.

Почетокот на седницата е закажан за 13 часот.

Потоа во 15 часот ќе се одржи седница на Владата на Србија на која Вучиќ ќе се обрати пред членовите.

Тој во средата изјави дека Србија со одговор на кризата во врска со Украина ќе излезе во следните 48 часа и дека ставот на Србија ќе биде принципиелен како и досега, заснован на почитување на меѓународното право.

– Разговарав со премиерката Ана Брнабиќ, која е во технички мандат (поради изборите), но за да не бараме изговори во технологијата и проблемите со кои се соочуваме во моментов, ќе излеземе со целосен одговор на кризата во следните 48 часа, изјави Вучиќ.

ЕУ очекува Србија да се усогласи со санкциите против Русија, а вчера беше најавено дека Вучиќ денеска треба да одржи состанок и со амбасадорите на земјите на Квинта и со шефот на Делегацијата на Европската унија во Србија на оваа тема.

Според Вучиќ, Србија е во многу тешка ситуација и е под голем притисок да се придружи на санкциите на ЕУ и да ги осуди потезите на рускиот претседател Владимир Путин во Украина.

Според аналитичарите, Србија е ставена пред економски и политички предизвик, поради нејзината политика за зачленување во ЕУ и негување добри политички и економски односи со Русија, како и незачленување во НАТО, или дека се приближува крај на политиката на „седење на две столчиња”.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Град Скопје: Министерката за култура бега од соочување со фактите

Следно

ВИДЕО | Бура од емоции: Слушнете ја „Ненормален“, новата љубовна балада на Владо Јаневски

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian