Видео објавено на социјалните мрежи на кое се гледа како момче репетира пиштол и го вперува кон случајни минувачи во центарот на Скопје, во близина на Бит Пазар ги вознемири граѓаните.
„Шабан Мафија Скопје, момче со психички проблеми, се шета со пластичен пиштол, но предизвикува цело време страв и вознемиреност кај другите граѓани!“, пишува на видеото.
Неколку часа подоцна полицијата го уапси момчето и се работи на расчистување на случајот.