ВИДЕО | „Се молиме за вас“: Украинците ја претставија својата песна за Евровизија

1 min read

Откако украинската пејачка Алина Паш реши да се повлече од годинашното издание на Евровизија, националната телевизија на Украина ја избра новата песна која ќе ги претстави во Торонто, Италија.

Се работи за песната „Stefania“ во изведба на Kalush Orchestra. Оваа песна, која ја спојува традиционалната музика со хип-хоп музиката, е посветена на сите мајки.

Првично, Kalush Orchestra беа второпласирани на националниот избор. Публиката им даде максимален број гласови, но жирито ги пласираше на третото место, па на крајот завршија на второто место.

Украинските претставници имаат голема поддршка од евровизиските фанови ширум Европа.

„Мора да ги поддржиме Украинците на Евровизија“, „Ви ја посакувам сета среќа“, „Се молиме за Украина“, се дел од коментарите на социјалните мрежи.

Па, дали ви се допаѓа вам?

ВИДЕО | Украинската пејачка не оди на Евросонг, налутено порача: Не сакам да бидам дел од оваа валкана приказна!

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Мотоциклист тешко повреден во сообраќајка во Скопје

Следно

Петровска: Државниот врв будно ги следи состојбите и ги презема сите мерки за гаранција на безбедноста

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian