ВИДЕО | Готвиме со Маја: Мујадара и пилешки ражничи со ловоров лист

3 mins read

Иако понекогаш мислиме дека арапската храна е комплицирана за приготвување и недостижна за нашите простори, Маја ќе ни покаже дека со обични и лесно достапни состојки можеме да направиме вистинска гозба. Тајната е во зачините а името на овој рецепт е Муjадара или Мухадара. Тоа е арапско јадење од ориз, леќа и месо. Првите записи за ова јадење се појавуваат во 1226 година во Китаб ал-Табих, книга за готвење составена од Ал-Багдади во Ирак и обично се служел за време на прославите. Без месо, тоа било средновековно арапско јадење кое најчесто го јаделе сиромашните, но со месо станува вистинска гозба. Поради нејзината важност во исхраната, една изрека во источниот арапски свет вели: „Гладен човек би бил подготвен да ја продаде својата душа за јадење мујадара“.

Мујадара

Потребни состојки:

  • 500 мл сончогледово масло
  • 4 главици кромид
  • брашно и сол
  • 200 гр кафеава леќа
  • 250 гр ориз басмати
  • 2-3 лажици маслиново масло
  • 2 лажици ким
  • 2 лажици коријандер
  • 1/2 лажичка куркума
  • 1 ½ лажичка цимет
  • 1 лажица шеќер
  • свеж коријандер

Подготовка:

Леќата сварете ја во солена вода. Кромидот исечете го на крупни резанки посолете го и посипете го со брашно. Ставете да се вари басмати ориз во половина литар вода. Кромидот пржете го во длабоко загреано масло како да пржите компири. Кога ќе зарумени, извадете го со решетка и ставете го на кујнски бришач за да ја впие маснотијата. На сува тава ставете да се тостира ким, додадете мелен коријандер и откога ќе се стопли убаво додадете маслиново масло и пржет. Додадете цимет и бибер пржете и ставете куркума. Продолжете да пржите на тивко и посолете и ставете шеќер. Пржете ги зачините додека не добиете хомогена паста. Во нив додадете го сварениот ориз и измешајте со пастата. Додадете маслиново масло а потоа ставете ја и сварената леќа.

Јогурт сос со лук

Потребни состојки:

  • 250 мл кисело млеко
  • 3 млади кромитчиња
  • 1 чешне лук
  • 2 лажици маслиново масло
  • сол

Подготовка:

Во сад ставете ја павлаката и додадете згмечен лук, сол, ситно сецкан белиот дел од младите кромитчиња, маслиново масло и убаво измешајте.

готвиме со маја
Готвиме со Маја / Фото: Приватна архива

Пилешки ражничи со ловоров лист

  • 2 пилешки стека
  • 3 лажици павлака
  • 1 лажичка црвен пипер
  • 1 лажичка коријандер
  • 1 лажичка сусам
  • 5 лажици маслиново масло
  • сол и бибер
  • свеж ловоров лист

Подготовка:

Стековите исечете ги на парчиња и ставете го во сад или ќеса и додадете масло, сол, павлака, коријандер, црвен пипер, сусам, бибер и маринирајте го со овие состојки и оставете го да отстои барем 1 час. Месото редете го на дрвени стапчиња за ражничи кои претходно сте ги намокриле со вода за да се запалат. Помеѓу неколку парчиња месо, ставете по едно ливче ловоров лист. Вака подготвените ражничи ставете ги да се пржат на загреано масло на тава или скара.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Албанија, Косово и Србија го осудија нападот на Русија

Следно

Маричиќ: Има антизападна пропаганда во Македонија, Обвинителството истражува финансирање на партии

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian