Ведрана Рудан: Јас сум полуслепа од короната, не знам ни како изгледа венчаницата на Хана Хуљиќ

1 min read

Хрватската новинарка и писателка, Ведрана Рудан ја извести јавноста за причината поради која сѐ поретко пишува колумни и текстови на нејзината веб-страница. Имено, ненадминливата Рудан неодамна го прележа коронавирусот и има проблеми со очите како последица на болеста.

„Јас сум полуслепа. Мене короната ме тресна во очи. Бев двапати во болница, одличните лекари ‘не гледаат ништо’, не гледам ниту јас. Во далечина сѐ ми е јасно. И ридови и долини. Но, имам проблем да гледам во мојот мобилен телефон, ТВ-екран, компјутер, книга. Не можам да читам, да гледам Нетфликс, да сурфам… Јас сум единствениот човек во Хрватска кој нема поим како изгледа венчаницата на Хана, не знам за уапсениот министер и што воопшто се случува во Украина“, пишува Рудан на нејзината страница.

Во објавата открива дека лекарите немаат објаснување за нејзиниот проблем и дека никој не знае кога ќе ѝ се подобри видот.

„Ги замолувам антиваксерите да не ми пишуваат дека ова ми се случило поради тоа што сум се вакцинирала. Ваксерите нека ми испраќаат писма со утеха и добри желби. Ќе прочитам сѐ кога ќе се ‘просветлам’. Довидување, се надевам. Сфаќаш колку е светот убав дури тогаш кога ќе ослепеш“, заклучува новинарката во текстот.

Ведрана Рудан: Свесна сум дека деновите ми се одбројани, а смртта живее во мојата градина и ме чека

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Албанија, Косово и Бугарија го осудија нападот на Русија

Следно

На Конте му пукна филмот и најави заминување од Тотенхем

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian