Трајковска Димова: Раководството на ЈСП дава поддршка на акциите на МВР за контрола на возилата

2 mins read

МВР вчера на територијата на град Скопје спроведуваше акција за контрола на возила со кои се врши превоз на патници. На вонреден технички преглед беа изпратени возила и од ЈСП Скопје.

Според информациите од МВР кај пет возила на ЈСП се утврдени неправилности.

Исклучувањето на возилата предизвика нервоза кај патниците кои реагираа дека градските автобуси им доцнат или се прескокнуваат определени термини на возниот ред но проблемот настана поради техничките прегледи.

Од ЈСП информираат дека во ваквите ситуации секогаш ја следат состојбата на терен и доколку некое возило е исклучено веднаш испраќаат заменско за да ја пополни настанатата дупка во возниот ред.

-Вчерашниот ден речиси да помина во знакот акцијата, односно во малите отстапувања во јавниот превоз во утврдените возни редови, вели таа. -Во текот на вчерашната акција исклучени од сообраќај, односно вратени на технички преглед биле 9 возила на ЈСП СКопје и притоа кај 5 од нив биле констатирани одредени недостаоци. Станува збор за ситни недостатоци, како напукната сијаличка на дисплеј во внатрешниот дел итн. Тие возила веќе денеска се предмет на сервисирирање и очекуваме најдоцна до утре да бидат вратени во сообраќај,  вели портпаролот на ЈСП, Деспина Трајковска Димова за Утрински брифинг.

-Со ова автоматски се демантираат сите оние вчерашни бројки кои беа изнесени во јавноста дека се работи за 60, па дури и 170 возила. Раководството дава поддршка на овие акции на МВР, имајќи предвид дека се работи за безбедност на патниците. Тука нема политика, и даваме поддршка, додава таа. 

skopjeinfo.mk

Претходно

Маричиќ: Има антизападна пропаганда во Македонија, Обвинителството истражува финансирање на партии

Следно

Албанија, Косово и Бугарија го осудија нападот на Русија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian