Саша Поповиќ влегува во нов бизнис: „Искеширал“ над 7 милиони евра!

2 mins read

Саша Поповиќ и неговата сопруга Сузана Јовановиќ наводно градат луксузен станбен комплекс во населбата Бежанијска коса во Белград. За изградбата на комплексот „искеширале“ вртоглави 7.350.000 евра, пренесуваат српските медиуми.

Наводно, откако Поповиќ го продадел својот дел од „Гранд Продукција“, сè што заработил од продажбата инвестирал во недвижен имот.

„Купи неколку поврзани парцели на почетокот на населбата Бежанијска коса, во близина на неговата вила и почна да гради станови. Сака да направи луксузна населба со бројни капацитети за станари, опкружена со зеленило. Населбата ќе биде добро обезбедена, а на влезот во комплексот ќе биде поставена рампа со стражари“, вели добро упатен извор на „Информер“ додавајќи дека првите станари ќе се вселат во становите на Поповиќ кон средината на 2024 година.

„За становите има голем интерес, половина од нив се веќе продадени. Цените за квадрат се движат од 2.200 до 2.600 евра без ДДВ. Најбарани се најмалите станови од 47 квадрати. Знам само дека многу пејачи и спортисти веќе оставиле капар за становите, но не би можел да ги откријам нивните имиња. Саша ја ангажирал сопругата Сузана да ги продава становите, тоа е сега нејзиниот дел од работата“, открива изворот.

Саша Поповиќ неодамна откри дека секој месец добива пензија од 700 евра, а добар дел од парите ги вложил во албумот на сопругата Сузана Јовановиќ.

„Пензијата ми е 700 евра. Во албумот на сопругата вложив 140 свои пензии, но не се каам. Дваесет и пет години фаворизирам други пејачи, дојде ред конечно да обрнам внимание и на мојата Сузана“, во една прилика изјави 67-годишниот Поповиќ.

Да потсетиме, тој заедно со Лепа Брена и нејзиниот сопруг Боба Живојиновиќ, на американската „Јунајтет груп“ продадоа 51 отсто од капиталот на „Гранд продукција“ за вртоглави 15.000.000 евра, што значи дека добил половина од оваа сума. Освен тоа, Саша има високи и стабилни месечни примања, со оглед на тоа што сè уште ја води компанијата што ја основал со кумата Брена.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ЈП „Паркови и зеленило“ активно ги уредува зелените и цветните површини низ Скопје

Следно

Мицкоски: Се би дал да можам да спречам страдање на цивилите и невини човечки жртви во Украина

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian