Руслана со трогателен апел: Светот ќе ни помогне и ќе ја запреме војната!

2 mins read

Украинската пејачка Руслана Лижичко, која стана позната низ цела Европа по победата на Евровизија во 2004 година, се огласи за нападот на Русија врз Украина.

Познатата Украинка на својот инстаграм-профил објави фотографија на која се моли, а во описот на истата сподели емотивна порака за нападот врз нејзината татковина.

„Дојде утрото. Мора да собереме сила и да сфатиме дека војната против Украина започна. Сигурна сум дека светот ќе се обедини и ќе застане на страната на Украина. Работевме многу години за да го натераме светот да не препознае како земја која со векови страда поради рускиот режим. Светот ќе ни помогне и ќе ја запреме војната“, ја започна својата објава Руслана.

Како што вели, ситуацијата е исклучително тешка, но се труди да остане смирена. Пејачката ги повика сите оние кои се запознаени со официјални информации да му помогнат на украинскиот народ.

„Сега најважна е локалната територијална одбрана. Собирам информации како да го направам тоа и ќе ги објавам на „Инстаграм“. Пријатели, пишете ми јавно или приватно! Потребни ни се проверени информации. Ова е клучен момент“, истакна таа во своето обраќање.

Руслана спомна и што најмногу им помогнало на луѓето за време на Евромајдан, протестите што траеја во Украина од ноември 2013 до февруари 2014 година. Протестите беа поттикнати од украинската влада ги суспендира подготовките за потпишувањето на Договорот за асоцијација и Договорот за слободна трговија со Европската Унија, која наместо тоа се определи за поблиски врски со Русија и Евроазиската економска унија.

„Кога акциите беа најопасни за време на Евромајдан, единственото нешто што ни помогна да се спасиме беше координирана акција, јасна поделба на одговорностите и собирање информации од официјални извори и сведоци. Главната работа е внатрешен мир без прекумерни емоции и паника. Слава на Украина! Боже, слушни ги моите молитви за мир во Украина“, заклучи Руслана.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Повеќе автобуси на ЈСП до Гробишта Бутел за Задушница

Следно

Нови 631 случаи на ковид и десет починати лица

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian