Неколку случаи на физички напади во Скопје, едно лице повредено на работно место

2 mins read

 

Полицијата евидентира неколку случаи на физички пресметки и напади во Гази Баба, Аеродром, Центар…

Во Билтенот на МВР се евидентирани следните настани:

На 23.02.2022 во 18.00 часот во Полициската станица Бит Пазар, Ф.И.(33) пријавил дека околу 16.00 часот во парк на подрачјето на Бит Пазар неговиот син, по претходна расправија, бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 23.02.2022 во 10.00 часот во Полициската станица Гази Баба, А.К.(33) пријавила дека во 09.15 часот на подрачјето на Гази Баба била физички нападната од Д.В.(48). Сочинет е записник за констатиран прекршок по член 12 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.

На 24.02.2022 околу 02.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ со повреди бил донесен Г.Е.(22) од Петровец, кој бил физички нападнат во скопска Гази Баба. Се работи на расчистување на случајот.

На 23.02.2022 во 16.00 часот во Полициската станица Центар, Р.З.(68) од Скопје пријавил дека околу 13.30 часот на подрачјето на Центар едно лице му одзело пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 24.02.2022 околу 03.50 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода С.Р.(52) од Скопје, затоа што претходно на на ул.„Тодор Чангов“ започнал физичка пресметка со К.Т.(26) од Скопје, а подоцна во Полициската станица Аеродром физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Евидентиран е и случај во кој 19-годишник бил нападнат и ограбен на неговото работно место, за што МВР го известува следното:

На 23.02.2022 во 15.41 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Цветан Димов“ едно лице со остар предмет го нападнало и повредило Б.С.(19) од Скопје, по што му одзело пари од дневниот промет на фирма во која бил вработен. Б.С. бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

skopjeinfo.mk

Претходно

Ковачевски-Задорожњук: Руската агресија врз Украина е закана за мирот во Европа и светот

Следно

Балканот може да се дестабилизира, предупредуваат европски дипломати

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian