Нашиот амбасадор во Киев цел ден е во скривница, вели Османи

1 min read

Министерот за надворешни работи Бујар Османи вечерва во емисијата „24 анализа рече дека амбасадата во овие тешки услови се обидува да ги услужи граѓаните кои не ја напуштиле Украина, а од денеска тоа ќе оди и потешко поради воената ситуација. Не прецизираше дали Македонија ќе прати војници, ако се активира членот 5, односно доколку Русија напредува кон територијата некоја од земјите членки.

– Нашиот амбасадор таму е со екипата и како се активираат алармите за воздушни напади, дадов инструкција да ја напуштат земјата и да одат во соседните држави. Тој моментално е во скривница. Имаме неколку граѓани во други градови во Украина и сега е потешко, нема комерцијални летови. Тие со кои имаме комуникација се безбедни, им доставувме патни исправи, но нема начин како да ја напуштат земјата. Немаме информации дека некој е повреден. Мапиравме 100 граѓани таму, од кои некои се семејства на наши државјани, а 30 се во специјалната мониторинг мисија на ОБСЕ и тие се под аранжман на генералниот секретаријат на ОБСЕ, 12 ја информираа амбасадата дека ја напуштаат земјата. Ако има позитивен момент во ова е дека сме членка на НАТО. Одлуките ги носиме врз база на времени квалитетни информации. Целосно сме вклучени во сите тела и ја нудиме и нашата контрибуција. – рече Османи.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Лига на Конференции: Партизан во осминафиналето, Лестер и Марсеј ја оправдаа фаворитската улога

Следно

Антивоени протести во Загреб со поддршка за Украина

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian