Нацев: Русија точно знаеше каде да нападне – има ли такви прецизни сознанија и за Полска и Литванија?

1 min read

Универзитетскиот професор Александар Нацев, во вечерашното гостување на ТВ21 рече дека загрижувачки е колку прецизен бил првичниот напад на Русија врз Украина, односно дека Русите знаеле точно како и каде треба да напаѓаат.

Тоа, според Нацев, значи дека Русија имала многу точни информации, но она што е за него исто така загрижувачки е тоа што можеби оваа земја има и прецизни сознанија и за други држави.

„Она што загрижува за другите земји, доколку Русија имала толку детален увид на сите критични точки, во сите стратешки позиции, бидејќи уништени беа многу стратешки цели за кратко време, се поставува прашањето дали Русија ги има сите сознанија за Летонија, Литванија, Естонија, Полска. Затоа што вака прецизна операција кажува дека безбедносно-разузнувачките служби знаеле во што се впуштаат“, изјави Нацев.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Лаказет побрз од судијата, му донесе триумф на Арсенал во 95 минута

Следно

ПАОК и Брага последни патници во осминафиналето во Евро куповите

Latest from Blog

Перишиќ се сели во Лондон

Хрватскиот репрезентативец Иван Перишиќ одлучи кариерата да ја продолжи во Премиер лигата и тоа во екипата

MacedonianEnglishAlbanian