На Конте му пукна филмот и најави заминување од Тотенхем

1 min read

Менаџерот на Тотенхем, Антонио Конте беше лут како рис по поразот на неговиот тим од Барнли (1:0) во Премиер лигата и на прес-конференцијата најави заминување од клубот.

Конте на почетокот од ноември 2021 година седна на клупата на Тотенхем на местото на Нуно Еспирито Санто,  но оттогаш во неколку наврати јавно го изразуваше своето незадолство со состојбите во клубот, а сега по поразот од Барнли отиде чекор понатаму и најави заминување.

 – Отворен сум за секоја одука и затоа сакам да му помогнам на Тотенхем. Клубот ме викна да ја поправам ситуацијата, но јас сум премногу искрен за да зажмурам и да продолжам да функционирам на овој начин велејќи дека се е во ред бидејќи сум добро платен. Но, јас сум амбициозен човек – изјави Конте.

Поразот од Барнли беше четврти во последните пет натпревари на Тотенхем во Премиер лигата и единствен успех беше триумфот над Манчестер сити.

-Ситуацијата ме фрустрира. Прв пат во животот доживеав да имам четири порази во пет натпревари. Можеби не сум доволно добар, но мразам кога губам. Ова е неприфатливо – додаде Конте.

Следен предизвик за Тотенхем е гостувањето кај Лидс.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Ведрана Рудан: Јас сум полуслепа од короната, не знам ни како изгледа венчаницата на Хана Хуљиќ

Следно

Јакимовски за Зеленски: Кога ќе изберете комичар за претседател, ќе си доручкувате гранати

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian