Масните наслаги може да станат минато: Еве ја чудотворната билка што ќе ви помогне

1 min read

Сите знаеме каде најмногу ни се собира „јадењето“ што не може да ни го испроцесира организмот. А тоа е стомакот, и подрачјето околу него, при што тој вишок е најтешко да се намали, без оглед колку и да се трудите.

Маснотиите ги собираме во целото тело, но сепак кога држиме диети, прво се забележува промена на стомакот, односно кога слабееме, прво што ни се израмнува, тоа е- стомакот.

Истражувањата покажуваат дека целното слабеење на стомакот е многу тешко и не ветува резултати, но вежбање и промена на исхраната секако можат да помогнат во смалувањето на маснотиите во телото, па така и на тоа подрачје.

Ако диетата и промената на навиките во исхраната ви се погоден начин да го намалите слојот во абдоменалниот регион, тука важни се и суплементите. Нутриционистите веруваат дека постои еден суплеметн кој треба да го внесете во секојдневната исхрана, затоа што на тој начин најлесно ќе се ослободите од вишокот сало.

Тоа е екстрактот од зелен чај.

Ова „зелено чудо“ содржи кофеин и флавоноид EGCG кој го забрзува метаболизмот и влијае на разбивањето на молекулите маснотии.

Студиите потврдуваат дека умерена конзумација на зелен чај помага доколку сакате да го намалите апетитот, а со тоа и помал внес на храна и намалување на маснотиите во тој дел од телото.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО: Фудбалерите и навивачите низ Европа вечерва имаат само една порака: Запрете ја војната

Следно

Лаказет побрз од судијата, му донесе триумф на Арсенал во 95 минута

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian