Луческу: Останувам во Украина, не сум кукавица

1 min read

Тренерот на Динамо Киев, Мирчеа Луческу нема намера да ја напушти Украина иако руските воени сили извршија инвазија на Украина. Легендарниот романски тренер порача дека ќе остане во Киев иако првенството е суспендирано по прогласувањето вонредна состојба во земјата.

– Сместен сум во Киев, чекам да видам што ќе се случува. Во саботата требаше да играме натпревар во првенството, но е прогласена вонредна состојба и сите спортски активности се суспендирани во наредните 30 дена. Нема да се враќам во Романија и нема да го напуштам Киев. Не сум кукавица. Не бегав ниту во 2014 година кога започна лудилото во Доњецк. Не можам да го направам тоа. Само се надевам дека луѓето без мозок ќе ја сопрат војната. Никогаш не помислив вакво нешто е возможно. Не знам колку време ќе трае ова лудило. Сместен сум во тренинг центарот на Динамо и немам контакт со обичниот свет. Играчите се исплашени и тоа е разбирливо поради семејствата. Во Динамо нема многу странски фудбалери, многу полошо е во клубовите каде има повеќе странци кои им се обраќаат на своите амбасади да им помогнат да ја напуштат Украина – изјави Луческу.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

„Се разведе од Рамацоти поради секта од која „едвај“ спаси глава“: Со години верувала дека е реинкарнирана нацистичка невеста

Следно

Османи на вонреден состанок на ОБСЕ околу Украина: Мултилатерализмот мора да надвладее над милитаризмот

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian