Лаказет побрз од судијата, му донесе триумф на Арсенал во 95 минута

1 min read

Фудбалерите на Арсенал ја продолжија победничката серија на три триумфи по ред во Премиер лигата откако со 2:1 славеа над Вулверхемптон во заостанатиот натпревар од 20. коло.

Херој на „топчиите“ е Александре Лаказет кој победничкиот гол го постигна во последните моменти од натпреварот, во 95 минута.

Претходно, навивачите на Арсенал доживеаја шок на стартот од натпреварот кога Хванг-Хи-Чан во 10 минута им донесе водство на гостите. Потоа „топчиите“ доминираа на теренот, имаа дури 26 шута кон голот на гостите и за таквата игра беа наградени во 82 минута кога Николас Пепе го израмни резултатот.

Потоа кога сите помислија дека натпреварот ќе заврши без победник, се појави Лаказет кој во последната минута од судиското продолжение постигна гол за триумф на Арсенал.

Со победата и трите бода, Арсенал му се прибличи на четвртопласираниот Манчестер јунајтед на само еден бод (46), но има и два натпревари помалку од „црвените ѓаволи“.Вулверхемптон остана на седмото место со 40 бода.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Масните наслаги може да станат минато: Еве ја чудотворната билка што ќе ви помогне

Следно

Нацев: Русија точно знаеше каде да нападне – има ли такви прецизни сознанија и за Полска и Литванија?

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian