Новак Ѓоковиќ доживеа шокантна елиминација во четвртфиналето на турнирот во Дибаи и тоа од 123 тенисер на светот, Чехот Јиржи Весели. Чешкиот тенисер кој вчера направи изненадување со победата над Роберто Баутиста Агут, денеска го совлада Ѓоковиќ во два сета и тоа со 6:4,7:6.
Поразот од Весели за Новак Ѓоковиќ значи и губење на првото место на АТП ранг листата и тоа по 361 недела. Од понеделник, најдобар тенисер на светот ќе биде Данил Медведев.
Со елиминацијата во Дубаи, Ѓоковиќ загуби 410 бода и во понеделник ќе има 8465 бода, додека Медведев досега во Акапулко заработи 90 бода и дојде до 8525 бода.