ФОТО | Кралицата Летиција ги воодушеви сите со фустанот: Еден детаљ предизвика бурни реакции

1 min read

Кралицата Летиција, која е позната по својата беспрекорна елеганција, во придужба на сопругот, го посети Кралскиот театар во Мадрид. Парот приствуваше на одбележувањето на 500 години од смртта на Антонио де Небриља, славен шпански хуманист и филолог.

Летиција избра едноставен црн фустан до колена со набори во пределот на половината, а оваа елегантна креација ја потпиша брендот Емпорио Армани. Ова софистицирано издание го комплетираше со црни класични салонки од лакирана кожа и црна торбичка, со дискретни дијамантски обетки.

Кралицата Летиција
EPA-EFE/JUANJO MARTIN
Rights-managed, Restrictions: , Model Release: no, Credit line: Ángel Díaz Briñas / ContactoPhoto / Profimedia

Фустанот иако на прв поглед делуваше суптилно, криеше еден мал детаљ кој ги возбуди сите од јавноста, затоа што имаше шлиц кој ги откриваше заносните, преубави нозе на кралицата.

Критичарите веднаш се „фрлија“ врз шлицот, коментирајќи дека таа „претерала“ посебно затоа што приликата не била за таков фустан.

SplashNews.com / Splash / Profimedia

„Изгледа како да тргнала во ноќен клуб, а не во театар“, „Секогаш го крши кралскиот дрескод“, „Преубава е, но ова е дефинитивно предлабок шлиц за една кралица“, „Секогаш ги потенцира нозете, во ред е“ – беа само некои од коментарите.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Антивоени протести во Загреб со поддршка за Украина

Следно

ФОТО: Фудбалерите и навивачите низ Европа вечерва имаат само една порака: Запрете ја војната

Latest from Blog

Магла на Стража

Намалена видливост од 50 до 70 метри поради појава на магла има на планинскиот премин Стража,

MacedonianEnglishAlbanian