ФОТО: Фудбалерите и навивачите низ Европа вечерва имаат само една порака: Запрете ја војната

1 min read

Украинскиот репрезентативец Руслан Малиновски во триумфот на Аталанта од 3:0 над Олимпијакос, постигна два гола, а ги прослави така што се расплака пред ТВ камерите и побара да запре воената агресија на Русија над Украина.

Тој по постигнувањето на головите за својата екипа, го крена својот дрес и ја покажа маичката на која пишуваше: Не за војна во Украина“.

Фото: EPA-EFE/GEORGIA PANAGOPOULOU

Пред почетокот на дерби пресметката во Лигата на Европа помеѓу Наполи и Барселона, фудбалерите на двете екипи, меѓу кои беше и македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, заедно упатија порака да се запре војната.

При излегувањето на стадионот „Диего Марадона“ во Неапол, фудбалерите излегоа со транспарент на кој пишуваше „Запрете ја војната“.

 

Поддршка за Украина и барање за запираше на војната дадоа речиси сите навивачи на натпреварите во Лигата на Европа и во Лигата на конференциите, па така украински знамиња можеа да се видат и на „Максимир“ каде популарните „Бед Блу Бојс“ развиорија неколку украински знамиња.

Поддршка за Украина и од навивачите на фудбалските терени низ Европа/фото: EPA-EFE/ANTONIO BAT

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Кралицата Летиција ги воодушеви сите со фустанот: Еден детаљ предизвика бурни реакции

Следно

Масните наслаги може да станат минато: Еве ја чудотворната билка што ќе ви помогне

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian