Антивоени протести во Загреб со поддршка за Украина

1 min read

Пред руската Амбасада во Загреб денеска се одржаа два помали антивоени протести по повод рускиот напад врз Украина.

Неколку десетици граѓани, главно припадници на украинското национално малцинство, се собраа пред руската Амбасада за да изразат незадоволство од нападот врз Украина. Насобраните носеа украински и хрватски знамиња, пееја украински песни и извикуваа пораки против агресија.

На посебен собир пред руската Амбасада се собраа дваесетина антивоени активисти од неколку хрватски невладини организации. Меѓу другото, тие развија транспарент на кој пишуваше „Војната е злосторство против човештвото, Русија е агресор, а инвазијата на Украина е војна”.

Во знак на солидарност со граѓаните на Украина, загрепските фонтани и Вуковарската водна кула вечерва светеа во боите на украинското знаме, пренесе Бета.

Извор: Бета

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Нашиот амбасадор во Киев цел ден е во скривница, вели Османи

Следно

ФОТО | Кралицата Летиција ги воодушеви сите со фустанот: Еден детаљ предизвика бурни реакции

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian