Албанија, Косово и Србија го осудија нападот на Русија

1 min read

Остро ја осудуваме руската воена агресија врз Украина, напиша бугарскиот премиер Кирил Петков на Твитер за ситуацијата во Украина.

Според Петков, употребата на воена сила против суверена држава е неприфатлива во 21 век, јави дописникот на МИА од Софија.

И Албанија го осуди нападот на Русија врз Украина.

Премиерот Еди Рама преку објава на Твитер напиша дека Албанија се придружува на сојузниците на НАТО и на Европската унија и оти мислите и молитвите се со украинскиот народ.

– Им се придружуваме на сојузниците на НАТО и ЕУ во острата осуда на руската агресија. Нашите мисли и молитви се со украинскиот народ, напиша Рама на Твитер.

Ова е прва реакција од албански функционер по нападите, откако претходно целиот државен врв искажа подршка за територијалниот интегритет и суверенитет на Украина.

Косовската претседателка Вјоса Османи порача дека Косово стои со Украина и со нејзините граѓани по руската агресија врз таа држава, јави дописникот на МИА од Приштина.

Османи преку својата официјална страница на Твитер порача дека Косово ќе соработува со своите сојузници за да ја спречи дестабилизацијата на регионот.

– Косово стои со Украина и нејзините граѓани, кои се соочуваат со последиците на една неиспровоцирана војна како резултат на дејствијата на агресија од страна на Русија. Ние ќе соработуваме со нашите сојузници за да ја спречиме дестабилизацијата на нашиот регион. Руската хегемонија нема да успее. Слободата и демократијата ќе победат, напиша Османи.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Видео: Уапсено е момчето кое со пластичен пиштол ги плашеше скопјани

Следно

ВИДЕО | Готвиме со Маја: Мујадара и пилешки ражничи со ловоров лист

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian