61-от роденден ООУ “Кузман Јосифовски Питу” во Кисела Вода ќе го дочека реновирано и целосно инклузивно

1 min read

Градоначалникот на Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски денес присуствуваше на свеченоста по повод 60 години од постоењето на ООУ “Кузман Јосифовски Питу”.

Положи свежо цвеќе пред бистата во училишниот двор, а потоа ја проследи приредбата на учениците, како и промоцијата на документарниот филм посветен на училиштето. Во склоп на одбележувањето на јубилејот, во училишната спортска сала се одржува и крводарителска акција.

Денешната посета на ООУ “Кузман Јосифовски Питу”,  градоначлникот ја искористи и да изврши увид во градежните активности кои тука се одвиваат и на учениците ќе им овозможат унпредување на условите за работа.

Имено, реконструкцијата на овој училишен објект опфаќа промена на кровната конструкција, поставување на нова термоенергетска фасада, како и  изградба на лифт за децата со посебни потреби, пристапни рампи, специјални тоалети.

Предвидена е и изградба на паркинг места за овие лица и дактилни патеки во дворот на објектот. Со тоа, ООУ “Кузман Јосифовски Питу” ќе стане првото целосно инклузивно училиште во Скопје, велат од општина Кисела Вода. 

skopjeinfo.mk

Претходно

Нови 631 случаи на ковид и десет починати лица

Следно

Вучиќ разговарал со западните амбасадори, ќе се огласи во следните 36 часа

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian