Животот му висел на конец: Елтон Џон доживеал страшна драма за време на лет со приватниот авион

1 min read

Животот на легендарниот музичар Елтон Џон бил во вистинска опасност. Имено, за време на лет кон САД со неговиот приватен авион, се појавил проблем со хидрауликата, а не помагал ни фактот дека деновиве Велика Британија беше погодена од бурата Френклин, објави „Daily Mail“.

Пилотот на авионот двапати неуспешно се обидувал да слета, но, за среќа, третиот пат бил успешен, а екипите на брзата помош и противпожарната бригада веќе чекале во близина на аеродромот Фарнборо.

Според очевидците, глетката била страшна. По непријатната ситуација, Џон бил прилично вознемирен, но неколку часа подоцна отпатувал со друг авион до САД и успеал да стигне на време за својот настап во Медисон Сквер Гарден.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Зеленски: Иднината на европската безбедност се одлучува сега во Украина

Следно

Обвинителството за организиран криминал и корупција отвора предистражна постапка за сметките на Јорданов, Механџиски и Клинг

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian