ЗАГРИЖУВАЧКИ: Светот мора да се подготви за повеќе екстремни шумски пожари

1 min read

Бројот на големите шумски пожари низ светот драстично ќе се зголеми во наредните децении поради глобалното затоплување, а владите не се подготвени за справување со последиците од уништувањата од таквите екстремни пожари, предупредија ОН.

Дури и најамбициозните напори за ограничување на емисиите на стакленички гасови нема да спречат драматичен пораст на зачестеноста на екстремните услови на пожари, се заклучува во извештајот нарачан од Програмата на ОН за животна средина (UNEP).

– До крајот на векот, веројатноста за шумски пожари слични на летото во Австралија 2019-2020 година или огромните пожари на Арктикот во 2020 година, кои ќе се случат во дадена година, веројатно ќе се зголеми за 31-57 проценти, се наведува во извештајот.

Ваквите шумски пожари избиваат таму каде што отсекогаш се случувале и се разгоруваат на неочекувани места.

Неодамнешна студија во The Lancet заклучи дека изложеноста на чад од шумски пожар резултира, во просек, со повеќе од 30.000 смртни случаи секоја година во 43 нации, за кои има достапни податоци.

Економските штети во САД, една од ретките земји што ги пресметале таквите трошоци варираат меѓу 71 и 348 милијарди долари во изминативе години, според проценката цитирана во извештајот.

kurir.mk

Претходно

Чибишев: Бремените жени се повеќе изложени на инфекција од коронавирусот, одлуката на Комисијата да се преиспита

Следно

Почина Марк Ленеган, легендата на гранџ музиката

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian