Влијателен инфлуенсер разоткриен за измама: Имал лажна престижна агенција за дизајн и „вработувал“ луѓе низ светот

3 mins read

Лажна агенција за дизајн „Madbird“ измамила над 50 работници во текот на најтешките месеци за време на пандемијата на коронавирусот. „BBC News“ штотуку објави истрага за наводната агенција за дизајн, предводена од харизматичен влијателен човек на социјалните мрежи наречен Али Ајад.

Но, додека „реномираната“ компанија која изгледала сосема легитимно вработувала луѓе ширум светот, голем дел од постоењето на компанијата било лажирано и истата била користена за да намами луѓе да работат со месеци без плата, со надеж дека ќе заработат пари по завршувањето на големите проекти.

Тоа е извонредна приказна која ја смислил основачот на компанијата создавајќи илузија на успешна дизајнерска агенција со седиште во Лондон која нуди работа од дома, имајќи предвид дека работници се барале за време на пандемијата.

Наводно, лажни вработени на компанијата одржувале состаноци на „Zoom“, а постарите вработени кои биле наведени на веб-страницата на компанијата воопшто и не постоеле.

„Најмалку шест вработени со висок профил во „Madbird“ биле лажни. Нивниот идентитет бил оформен со помош на фотографии украдени од Интернет и биле користени измислени имиња. Вклучувајќи го и ко-основачот на „Madbird“, Дејв Стенфилд – и покрај тоа што има профил на „LinkedIn“. Али постојано се повикувал на него. Некои од измамените вработени дури примиле мејлови од него.

Али му рекол на еден од новите вработени дека ако сака да стапи во контакт со г-дин Стенфилд, треба да му испратат мејл, бидејќи тој бил премногу зафатен со проекти за „Nike“ за да одговори на нивните повици.

Користејќи ја технологијата за препознавање лица, успеавме да го најдеме вистинскиот сопственик на идентитетот кој се користел за измислениот лик на Дејв Стенфилд – пчелар од Прага по име Михал Калис. Кога го најдовме Михал, тој потврди дека никогаш не слушнал за компанијата, Али Ајад или Дејв Стенфилд“, велат истражувачите од „BBC“.

Во меѓувреме, адресата на која „Madbird“ тврдела дека има канцеларија во Лондон се покажа дека е станбен блок во Западен Лондон, а еден од документите на компанијата наводно бил плагијат од друга дизајнерска фирма со седиште во Лондон. Дури и рекламата со основачот на компанијата која се појавила во списанија, се чини дека е фотошопирана.

Оваа приказна е доказ на злоупотреба на новата култура на далечинско работење во која се вовлечени амбициозни луѓе кои само сакале да ја работат работата што ја знаат, најдобро што можат.

Веб сајтот, сите официјални профили на социјалните мрежи на „Madbird“ се избришени од интернет-просторот за рекорно брзо време.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Град Скопје со отворена покана за министерката за култура, за прашањето за Универзална сала

Следно

Не` газеше со години, никој не сакаше тој да умре, но немаше друго решение освен да пука, рече пред судот синот на битолчанецот Фердо

Latest from Blog

Магла на Стража

Намалена видливост од 50 до 70 метри поради појава на магла има на планинскиот премин Стража,

MacedonianEnglishAlbanian