ВИДЕО: Зверев ги загуби нервите, исфрлен од турнирот во Акапулко!

1 min read

Александар Зверев се најде во центарот на вниманието поради своето скандалозно однесување после поразот во дубл мечот на АТП турнирот во Акапулко, Мексико.

Германскиот тенисер незадоволен крајно незадоволен и лут од неколку одлуки на главниот судија, а по поразот со рекетот удираше по столот на судијата.

Во третиот сет Зверев се жалеше дека топката сигурно завршила во аут, но судијата не го послуша.

Како што пренесува „Ројтерс“, организаторите одлучија да го дисквалификуваат Германецот.

Третиот тенисер на светот во сингл конкуренцијата требаше да настапи во осминафиналето против својот сонародник Питер Гојовчик.

Исто така првиот потпретседател одговорен за правилата и натпреварувањата при АТП може да одреди парична казна или суспензија, доколку утврди дека прекршокот е посебно штетен за понатамошно одвивање на турнирот или му штети на интегритетот на спортот.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Кортни Кокс проговори за колегата од „Friends“, Метју Пери: Се мачеше некое време…

Следно

Протест пред судот во Битола за ослободување од притвор на битолчанецот кој го уби зетот

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian